Преку ноќ исчезнаа страници од избирачките списоци во Кочани

Од:

Во 7 часот во Кочани, беа отворени 53 од 56 избирачки места. Во избирачките места 837, 848 и 850 воопшто и не започна, а во уште две избирачки места по половина час гласањето беше прекинато.
При нашиот обид да дојдеме до веродостојни податоци, се упативме кон Општинската изборна комисија во Кочани, каде што најнапред обезбедувањето не ни дозволуваше да влеземе во просториите пред да добие согласност од претседателката, Ирина Хаџиева, која одби да ни даде информација за причините поради кои три избирачки места останаа затворени, а во две беше прекинато гласањето, иако уредно се претставивме и се легитимиравме.

Од овластен претставник во ОИК, од една политичка партија дознаваме дека причините поради кои не се отворени три избирачки места е тоа што недостигаат страници во изводите од единствениот избирачки список, како и нецелосни податоци во нив.

Во избирачкото место 848 недостигаат вкупно 90 гласачи што биле заведени со редни броеви од 165 до 255, во избирачкото место 850 недостигаат околу 15 гласачи, а во избирачкото место 837 има нецелосни податоци за 14 избирачи. Причините за прекин на гласањето во уште две избирачки исто така се однесуваат на недостигот на страници во изводите од избирачкиот список.

Бројот на гласачи што се регистрирани во овие избирачки места изнесува 3741, што изнесува околу 12% од вкупното избирачко тело во Кочани. За тоа дали и кога овие избирачки места ќе бидат отворени, очекуваме дополнителни информации.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме