Донација од маски и средства за дезинфекција за Македонскиот полициски синдикат

Од:

Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила, PSS (Power Sport System) донираше заштитни маски и средства за дезинфекција за за членовите на Македонскиот полициски синдикат.

МПС соопшти, дека Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила PSS е општествено одговорна компанија и уште еднаш ја покажа својата солидарност. Од Синдикатот информираат дека за потребите на МПС продложува процесот на изработка на заштитни маски за лице во Конфекциите ЕАМ од Штип, Кули од Прилеп, Даниел Кристенсен од Кочани, како и Дуки Дасо од Неготино.

– Исто така компанијата ХИДРОС од Скопје, Арис и Бенто ни од Куманово, Sубекс од Виница, Центрар за возила Струга, Анжи од Тетовио и останати фирми кои инсистираат на анонимност поради нивната скромност, во овие тешки мигови кога се соочуваат со загуби се одважија и солидарно самите понудија, можеби мала, но за нас како планина голема помош во заштитна опрема и средства за дезинфекција која на полициските службеници на терен ќе им овозможи непречено и безбедно да работат и да ги извршуваат своите задачи во услови на пандемија, велат од МПС.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

МСП донесе одлука за итни мерки против Израел

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on