Владата на Република Северна Македонија и Инспекцискиот Совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат затекнатите неправилности и непочитување на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД- 19.
За поефикасно дејствување и одговор на прекршувањата инспекторатите отворија нови е-мејл адреси, а ставени се во функција и бесплатни телефонски линии. Неправилностите и поплаките може да се пријавуваат на следните мејлови и броеви:
-Државан инспекторат за труд [email protected]
151 31
-Државен пазарен инспекторат [email protected]
191
-Државен санитарен и здравствен инспекторат [email protected]
0800 255 55
-Агенција за храна и ветеринарство [email protected]
0800 3 2222
-Државен инспекторат за транспорт [email protected]
-Агенција за лекови и медицински средства [email protected]
Инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен. Без исклучок секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикуваме на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас, се вели во соопштението на Владата.