Украдена фотографија од изложбата на Димитар Апостолов

Од:

Несекојдневен настан се случи во петокот навечер во скопскиот Младински културен центар, кога при крајот на синоќешниот перформанс е откриено дека исчезнал една од изложените фотографии на авторот Димитар Апостолов, јавува Макфакс.

Станува збор за изложбата со наслов „Афтер” на кој беа изложени петнаесетина фотографии од Димитар Апостолов.

Како што изјавил авторот за Макфакс, изложената фотографија без наслов со поексплицитна содржина од останатите, била изложена во близина на тоалетот, бидејќи тоа одговарало на содржината на самата снимка, додека другите фотографии биле изложени во фоајето на МКЦ.

Исчезнувањето на фотографијата било забележано многу доцна, рече Апостолов, за да може да се реагира.

Отворањето на изложбата којашто ќе може да се види до 14-ти април, инаку, во петокто навечер беше проследено со музички перформанс на македонските музичари, Сашко Костов, Игор Стојановски, Сецко Сеад Хаџиќ и диџеј сет на Теа Шалдева.

Би можело да ве интересира

Од печат излезе нова книга на Авдулах Рамчиловиќ: “Има време”

„Матица македонска“ го објави романот „Турчинот шахист“ од Шурбатовиќ во превод на македонски јазик

Почина познатата шпанска актерка

Украина го критикуваше Вуди Ален за неговото учество на Московската филмска недела

Претседателката Сиљановска-Давкова ги отвора 64. Струшки вечери на поезијата

По Материјата-заедничка изложба на наши и уметници од Грција и Албанија