Казни за три лица од Радовиш за непочитување на полицискиот час и мерката самоизолација

Од:

Основното јавно обвинителство Радовиш денеска поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица обвинети дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, двајца од обвинетите спротивно на Одлуката на Владата на РСМ за забрана и посебен режим на движење со која се забранува движење на населението од 21 до 5 часот, со патничко возило „Цитроен“ се движеле по булеварот „Александар Македонски“ каде биле запрени од полициски службеници од Полициската станица Радовиш. Обвинителството му предложи на судот на обвинетите да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по10 евра во денарска противвредност.

Третиот обвинет, откако на 18-ти овој месец допатувал со товарно возило од Грција – земја со среден ризик со зараза согласно Листата на Светската здравствена организација, на граничниот премин „Богородица“ бил запознаен со мерката за задолжителна самоизолација. На 20 март ја прекршил мерката за самоизолација и при извршена проверка од полициски службеници не бил затекнат во неговиот дом. Обвинителството за овој обвинет предложи да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност, се вели во соопштението од ЈО.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски