Нова засилена мерка – полицискиот час за викенд ќе почнува во 16 часот и ќе важи за сите граѓани

Од:

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, информираше дека Владата донела одлука за дополнителна рестрикција за време на викендите. Тој посочи дека се воведува забрана за движење во периодот од 16 часот до 5 часот наутро.

„Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд. Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот. Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани“, вели Спасовски.

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека се разгледува можноста се разгледува можноста како во Куманово, така и во Скопје, да се прекине и градскиот, но и меѓуградскиот превоз.

До петок на лицата над 67 години им е дозволено да излегуваат во периодот од 05 до 11 часот, а на лицата до 18 години од 12 до 21 часот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски