Мицкоски: Македонија е на второ место по број на заболени од коронавирусот на Балканот

Од:

„За жал, една неповолна статистика за Македонија која е на второ место по број на заболени од корона вирусот на Балканот по број на жители“, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

„-Хрватска 102 заразени на 1милион жители;

-Македонија 88 заразени на 1милион жители;

-Црна Гора 83 заразени на 1 милион жители;

-Грција 71 заразени на 1 милион жители;

-Албанија 51 заразен на 1 милион жители;

-БиХ 51 заразен на 1 милион жители;

-Србија 35 заразени на 1 милиони жители;

-Бугарија 32 заразени на 1 милиони жители;

-Турција 22 заразени на 1 милион жители;

12% од заразените во Македонија се лекари затоа што несоодветно се заштитени.

Поддршка за македонските лекари, сите здравствени работници и македонската полиција и армија кои се на првата линија во борбата против корона вирусот.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи секоја мерка која ќе значи повеќе заштита. Владата мора да обезбеди соодветни ресурси за заштита на овие луѓе, нашето здравство мора да обезбеди сигурност и здравствена заштита за секого, затоа што секој живот вреди!“, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски