Чулев: Полицијата обезбедува седум карантини со околу 250 граѓани вратени од странство

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, го посети државниот карантин во Скопје, каде се изолираат граѓани кои доаѓаат од други држави со хуманитарни летови и коонвои. Чулев вели дека апелирал до полицајците кои го обезбедуваат објектот да внимаваат на своето здравје и живот, но и да бидат на располагање на граѓаните.

„Полициските службеници се поставени на влез во хотелот и на сите катови, со цел гарантирање и одржување на редот во објектот. Апелирав до нив да водат сметка за своето здравје и за својот живот, но и целосно да бидат на располагање на граѓаните кои се сместени во карантискиот објект“, објави Чулев.

Граѓаните кои се сместени во објектот остануваат по 14 денови откако ќе влезат на македонска територија. Транспортот од граничниот премин до карантинскиот објект го врши овластен превозник одреден од страна Владата, а Министерството за внатрешни работи го придржува транспортот од граничниот премин до карантинскиот објект.

„Во моментов припадниците на Министерството за внатрешни работи обезбедуваат седум објекти, а заклучно со денес во државен карантин се спроведени околу 250 лица, вратени од странски земји. Од страна на полициските службеници бев запознаен со протоколите по кои тие постапуваат со цел да осигурат непречено функционирање согласно препораките од Министерството за здравство и останатите надлежни здравствени установи“, додава Чулев.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски