Пет лица во Скопје не го почитувале полицискиот час

Од:

Против пет лица од Скопје, скопското Основното јавно обвинителство денеска поднесе предлог за издавање казнен налог заради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, велат од Јавното обвинителство во Скопје.

– Сите обвинети ја прекршиле Одлуката со која се забранува движењето на населението во Република Северна Македонија, при што еден од нив бил затекнат на 23 март во 21:25 часот како управува со патничко моторно возило „Фолксваген Пасат“ по пристапниот пат кон село Сарај, скопско. Останатите четворица, пак, во 01:30 часот на 24 март се движеле со патничко моторно возило „Гранд Чироки“ во село Арачиново, информираат од скопското Обвинителство.

За секое од петте обвинети лица надлежните јавни обвинители му предложија на Судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски