Кипарски затвореници донираа средства за јавна клиника

Од:

Неколку дестици кипарски затвореници донираа околу 9.000 евра за една клиника во центарот на Никозија, која ќе дава бесплатна медицинаска помош на жителите на Кипар погодени од најтешката економска криза во последниве неколку децении.

Собраните средства преку Лара Јоану, сопруга на еден затвореник, и беа предадени на кипраскиот европратеник Елени Таохарис, која по професија е хирург и ќе раговоди со јавната клиника во Никозија.

Јоану при предавањето на парите изјави дека затворениците оваа сума ја издвоиле од својот џепарлак, со кој пазарат во затворската кантина.

– Затворениците сметаат дека пристапот до адекватна медицинска помош е подеднакво важен колку и храната, нагласи Јоану, чиј сопруг отслужува 13-годишна казна затвор поради шверд на наркотици.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ