Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови во Скопје се регистрирани 20 новозаболени, во Куманово тројца, Велес три лица, Прилеп двајца и Дебар еден.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти, велат од Министерството.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје – 108, во Дебар – 41 и еден починат, во Куманово – 11 и еден починат, во Штип – седум, Велес – три, Кавадарци – два, Охрид – два, Прилеп – два и Гостивар – еден.