Најновите тестирања покажале дека секоја личност има свој карактеристичен хемиски состав на здивот, кој незначително се менува во текот на денот, па може да се користи во медицински цели.
Швајцарските истражувачи сега имаат намера да ги утврдат специфичните хемиски причини за одредени болести, почнувајќи од болести на белите дробови,па потоа техниката би се проширила и на други болести.
Предност на анализите на здивот е во тоа што анализата е многу кратка, а резултатите се побрзо достапни од анализите на урина и крв. Уште една предност на оваа метода е тоа што воопшто не е инвазивна.