Во Кочани се намалува бројот на лицата во самоизолација

Од:

По истекот на предвидените 14 дена за карантин бројот на лицата од кочанскиот регион кои се наоѓаат во самоизолација денеска е намален за една четвртина и сега забраната за контакт со општествената средина важи за 108 граѓани.

Од општинскиот Кризен штаб информираа дека обврска за домашна изолација имаат 74 лица од Кочани, шест од Општина Зрновци и четири од Општина Чешиново-Облешево.

-Под посебен третман во изолацијата се наоѓаат возачите и 24 од нив се од Кочани, а 10 од Чешиново-Облешево. Бројот на лица во изолација не се зголемува и поради отсуството на прилив на граѓани кои доаѓаат од други земји, информираат од Органот за внатрешни работи – Кочани.

Локалните служби ги продолжуваат активностите за спречување и намалување на ширењето на болеста КОВИД-19, а градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев повика да се почитуваат новите мерки за ограничено движење на различните возрасни категории и сите да се однесуваат совесно, одговорно и грижливо кон јавното здравје.

Територијалната противпожарна единица од Кочани веќе изврши дезинфекција на 26 згради за колективно домување и на повеќе од 50 влезови во овие објекти, како и кај дел од јавните институции. За оваа активност се обезбедени пумпи и доволни количини средство за дезинфекција до највисоките катови, ракофатите на оградите на скалите и во лифтовите.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски