Над 50 лица кои допатувале од Црна Гора утрово се сместени во државен карантин во Охрид, дознава „А1он“. Тие во придружба на две полициски возила кои беа на почетокот и крајот од конвојот беа спроведени од граница до хотелот „Десарет“, објект каде ќе се сместуваат дел од повратниците што доаѓаат кои биле заглавени на гранични премини и аеродроми и се враќаат со поддршка со поддршка од МНР.
По полициското возило кое го предводеше конвојот со ротациони светла, зад него имаше автобус и неколку автомобили кои според регистарските таблици се од Крива Паланка, Скопје, Кичево, Кавадарци.
Владата претходно соопшти дека двапати дневно, наутро и навечер ќе се транспортираат македонските граѓани кои доаѓаат од странство до објектите кои се државни карантини. Лицата коишто доаѓаат од странство се носат директно во државен карантин на локации кои се определени за таа намена.