Цивил апелира за мирни и демократски избори

Од:

Невладината организација, Центар за слобода во пресрет на вториот круг од гласање, упати апел до политичките партии и нивните членови и активисти, до институциите на државата, организациите на граѓанското општество и сите граѓани на Република Македонија, да дадат свој придонес за слободни и ненасилни избори.

„Во изминатиот период бевме сведоци на бројни нерегуларности и незаконско делување на голем број учесници во политичкиот живот на земјата, а особено во изборниот процес. Апелираме да престанат со таквите практики барем во наредните 48 часа. Ја повторуваме, за жал, генералната оценка која ја дадовме по првиот изборен круг: Големи штети по демократијата, угледот на земјата и владеењето на правото во Македонија веќе се направени! Бараме да се промени таа слика барем во овие последни часови од изборниот процес“ пишува во соопштението на Цивил.

Оваа невладина организација со 140 лица распределени на цела територија на државата ќе врши мониторинг и на вториот изборен круг од Локалните избори 2013.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме