Утре бесплатна телефонска линија кај Народниот правобранител

Од:

Утре на денот на одржување на вториот круг на изборите за градоначалници на општините, градоначалник на градот Скопје, како и на прегласувањата во одредени избирачки места за избор на градоначалник на општина, во канцеларијата на Народниот правобранител, во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Покрај лично во канцелариите, како и на бесплатната линија граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на телефонските броеви: Тетово 044 344- 082, Струмица 034 329 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389 701, Куманово 031 431-488.

– Народниот правобранител правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се вели во соопштението од канцеларијата на Народниот правобранител на Република Македонија.

Во него се потсетува дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“