Македонска Каменица и Чешиново Облешево се првите две општини во нашата земја кои ќе ги имплементираат Договорите за заштеда на енергија и заедно со Македонски телеком ќе работат на развивање на енергетски ефикасно осветлување на улиците.
Средствата за програмата се обезбедени од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР, преку Регионалната програма за енергетска ефикасност, која е дел од програмата за инвестирање на Западен Балкан, финансирана од ЕУ и поддржана од Енергетската заедница.
Договорот за заштеда на енергијата, како што информираат од ЕБОР, ќе понуди модел на договори кои овозможуваат имплементација на проекти за енергетска ефикасност за осветлување на улиците, реновирање на згради, ефикасно греење и опрема за осветлување, во новите и старите згради.
– Македонски Телеком ќе плати за вкупната инвестиција, со која што е потребна да се замени старото осветлување со високо квалитетни ЛЕД сијалици, додека општините ќе ја отплатат целата инвестиција само преку заштеди во енергијата, загарантирана со Договор за заштеда на енергијата. Периодот на договор е околу шест години. Во овој интервал Договорите за заштеда на енергијата склучени со компаниите, ја превземаат можноста за одржување и соодветно инсталирање на опремата. По завршувањето на договорот, сите заштеди на енергијата и опремата ќе останат на општините, се вели во соопштението од ЕБОР.
Имплементацијата на проектот преку Договор за заштеда на енергијата е овозможено со новиот Закон за енергетика, усвоен на крајот од месец февруари годинава. Тоа е резултат на тековната работа помеѓу Министерството за економија и ЕБОР преку Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан, поддржана од Европска Унија и имплементирана во партнерство со Енергетската Заедница.
Како дел од Договорот за енергетска заедница, Северна Македонија, заедно со другите земји од Западен Балкан, има обврска да ги имплементира важечките законите за енергија на ЕУ. Во ова се подразбира и имплементација на ЕУ правилата и принципите за регионот на Западен Балкан, дозволувајќи креирање на интегрален, пан-Европски енергетски пазар. Регионалната програма за енергетска ефикасност ја поддржува трансформацијата и координацијата со законите на ЕУ.
ЕБОР е мултилатерална банка која го промовира развојот на приватниот сектор претприемачката иницијатива во 38 држави на три континенти. Банката е во сопственост на 69 земји, ЕУ и ЕИБ. Инвестициите на ЕБОР се насочени кон поттикнување на економиите во регионот кон поголема конкурентност, инклузивност, добро владеење, еколошка одржливост, отпорни и интегрирани.