Пратениците го одобрија ветото што претседателот Румен Радев го наложи за спорните текстови од Законот за мерки при вонредни состојби.
Вчера, претседателот Радев стави вето на два текста на закони – за санкции за ширење лажни вести и ограничување на цените за сите производи. При повторно разгледување, пратениците ги отфрлија текстовите со 118 гласа, само 14 гласаа „за“, а 56 воздржани.
Утрово, на состанокот на правната комисијата, пратениците едногласно го усвоија ветото на Радев.