ВИДЕО: Чулев ќе бара ново заострување на мерките

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев ќе побара ново заострување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.

Тој извести дека по првата ноќ со полициски час, генерално, во државава се почитувале мерките за ограничено движење на граѓаните.

„На координативен штаб утрово во Министерството за внатрешни работи донесовме одлука за заострување на мерките. Доколку одлуките бидат усвоени од Владата и се донесат, јавноста ќе биде информирана“, рече министерот Чулев.

Во живо: Министерот Чулев за почитувањето на полицискиот час

Во живо: Министерот Чулев за почитувањето на полицискиот час

Posted by A1on.mk on Понеделник, 23 март 2020

Поради непочитување на забраната за движење во периодот од 21 часот до 06 часот утрово, министерот Чулев вели дека биле уапсени 18 лица, а 74, кои главно биле во автомобили, добиле опомени.

„Две лица во Куманово освен што не ја почитувале забраната за движење во себе имале и оружје. За прекршителите на мерките поднесени се 9 кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик. МВР презема активности за утврдување елементи за кривична пријава и за останатите сторители. Доколку се утврди сторената активност е прекршок, а не кривично дело, ќе бидат поднесени прекршочни пријави“, рече министерот Чулев и нагласи дека дел од уапсените агресивно се однесувале кон полициските службеници.

Покрај двајцата вооружени во Куманово, уапсени биле шестмина во Виница, по двајва во Гостивар и во Радовиш, петмина во Тетово и едно лице во Кочани.

Полицијата контролира 618 лица со решенија за здравствен надзор и 7307 лица со решенија за самоизолација, извести министерот Чулев. Извршени биле 322 контроли за изолација и 3300 контроли за самоизолација. Полицијата утврдила дека 22 лица не ја почитувале мерката за изолација.

„Имаме лице кое имало решение за здравствен надзор, не ја почитувало одлуката и покрај поднесената кривична пријава, и е однесено во државен карантин“, рече министерот Чулев.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски