Во Турција почна онлајн настава

Од:

Во Турција денеска почна алтернативна настава за 18 милиони ученици, бидејќи сите образовни институции се затворени уште од 13 март поради новиот коронавирус, јави турската новинска агенција Анадолија.

Алтернативната настава ќе биде достапна преку интернет и преку шест телевизиски канали.

Учениците ќе можат да ги следат часовите и во вечерните часови, а истите ќе бидат достапни и на интернет-страницата на Информациската мрежа за образование.

Турскиот министер за образование Зија Селчук утрово го почна првиот час за учениците.

Досега во Турција регистрирани се 1.236 инфицирани луѓе со Ковид-19, од кои 30 починале.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ