Папа Франсис ќе донира 50.000 долари помош на жртвите од поплавите во Аргентина, соопшти дипломатската мисија на Ватикан во Буенос Аирес.
Најмалку 59 лица загинаа во големите поплави што ја зафатија Аргентина оваа недела, додека спасувачките екипи трагаат по 20 лица кои се водат како исчезнати.
Папа Франсис даде средства на бискупијата во Ла Плата, кои би можеле да бидат насочени за помош на жртвите од поплавите, јави Аргентинската католичка информациона агенција.
Пратеникот на Ватикан, Емил Паул Чериг, изјави дека Франсис сака на конкретен начин да ја изрази духовната близина со оние кои страдаат и на оние кои доброволно ја понудијасвојата помош и поддршка.
Претседателката Кристина Фернандез, со помош на хеликоптер ги посети поплавените подрачја и вети дека ќе ангажира дополнителни полициски сили во таа област, бидејќи населението се плаши дека напуштените домови ќе бидат ограбени.
Елена Георгиевска