Се испразнија улиците во Охрид со воведувањето на полициски час. Полициски патроли низ улиците контролираат дали се почитува задолжителната мерка на Владата која за првпат воведе рестрикција на движењето во целата држава, во траење од 21 часот до 6 наутро. Тие се рапоредени низ повеќе пунтови во Охрид, од центарот до приградските населби.
Оние кои беа затекнати низ градот со возила неколку минути по 21 часот, беа предупредувани од полицијата дека движењето е забрането, а доколку ова се повторува, тие имаат право да казнуваат.
Со полицискиот час не се опфатени лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош, оние кои се во животно-загрозувачка состојба и лицата кои одат на дијализа. Тие ќе може да бидат придружувани исклучиво од најмногу две лица.
Ако поради итноста на здравствената состојба возилото биде запрено од полициска придружба, дополнително ќе се евидентира и провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравствната инстуиција преку приложување на медицинската документација по завршување на медицинскиот преглед.
Ќе се ограничи и бројот на такси возила. Тие ќе може да превезуваат патници само кон болнички установи или аптеки. Таксистите притоа, ќе мора да имаат заштитна опрема – маска и ракавици.