Петровска од Арачиново: Да ги почитуваме препораките за побрзо да се вратиме на нормалниот живот

Од:

Безбедносен пункт на полицијата и Армијата има и на влезот во Арачиново со цел ограничување на движењето, контрола и превенција доколку не се почитува рестрикцијата за движење воведена со полицискиот час на територија на цела држава. Овој пункт го посети техничката заменик-министерка за внатрешни работи, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.

„Ограничувањето на движењето е во интерес на сите нас, да ги почитуваме препораките на докторите за побрзо да се вратиме на нормалниот живот“, вели Петровска по посетата на пунктот.

Претходно, двајцата заедно со техничкиот премиер Оливер Спасовски беа контролниот пункт на МВР во Чаир, каде се уверија дека е почнато со спроведување на полицискиот час. Спасовски порача дека ништо не е исто како порано и побара граѓаните да ги почитуваат мерките на Владата.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on