Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека е на терен по скопските улици за време на полицискиот час.
„Вечерва сум на скопските улици заедно со полициските службеници кои го контролираат спроведувањето на одлуката на владата за ограничување на движењето. Ограничувањето на движењето се спроведува без посериозни отстапки. Останете дома. Спасете живот!“, напиша Чулев.