Министерот Венко Филипче кажа дека жена во Куманово починала од коронавирусот. Неа и биле направени две тестирање кои биле негативни, а по смрттта и е земен уште еден брис кој покажал дека е позтивина на коронавирусот.
„За жал го имаме и првиот смртен случај од коронавирусот. Станува збор за жена од Куманово, кај која коронавирусот е дијагностициран доцна синоќа. Имала 57 години. Во однос на приемот и третманот е постапено согласно сите протоколи на изолација, навремено се земени 2 теста и двата покажале негативен резултат. Но, и поркрај тоа што имала негативен резултат, болеста била типична на коронавирусот, па таа била во изолација. Тој период на хоспитализација траел изминатата недела во кумановската болница, а брис е повторно земен по констатацијата на смртта, вчеравечер. Тој бил позитивен. Брисот е земен поради наглото влошување на состојбата, бидејќи тоа е нетипочно за друга болест. Колегите се посомневале и земале уште еден трет брис“, рече Филипче.
Тој такажа дека хоспитализиран е и нејзиниот син кој вчера имал влошување на здравствената состојба.
„Хоспитализиран е и нејзиниот син, кој има 33 години. Вчера имал влошување на состојбата, префрлен е на Клиниката за пулмологија во изолираниот дел, па во Клиниката за инфективни болести во стабилна здравствена состојба“, рече Филипче.
„Заболени се 114 пациенти. 24 пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфектологија, 7 се со третман на кислородна поддршка, 11 се во стабилна состојба. Утре по истекот на 14 дена, кај 6 пациенти ќе се земе контролен брис. Кај еден од пациент имаше влошување на состојбата и е ставена на респираторна машина. Пациентите кои се на домашно лекување се во континуирана комуникација со лекарите од Инфективната клиника“, рече Филипче.