Две Бугарки, мајка и ќерка, претепаа контролор на билети во автобус во италијанскиот регион Лацио.
Како што јави БТА, инцидентот се случил во автобус што патувал од Валентано до Витербо, кога контролрот побарал од двете Бугарки да му ги покажат своите билети. Бидејќи тие немале билети, на следната станица биле симнати од автобусот.
Но, Бугарките не се откажале и се качиле во следниот автобус што патувал на истата релација и овој пат без да купат билет. Контролорот ги начекал двете Бугарки и во вториот автобус и повторно побарал билети од нив.
На ова, според изјави на очевидците, Бугарките реагирале бурно и почнале да викат на контролорот и да го плукаат, а потоа дури му нанеле и неколку удари со тупаници. „Тепачката“ била прекината по интервенцијата на останатите патници кои ги оневозможиле двете Бугарки да продолжат со удирањето на контролорот.