Владата со повик до хотелиерите со над 50 легла доколку можат да ги остапат за формирање групни карантини

Од:

Владата на Република Северна Македонија објавува јавен повик за изразување интерес за сите хотели во државата кои имаат повеќе од 50 легла и кои се заинтересирани доброволно да ги отстапат своите капацитети за формирање државни карантини за населението со цел справување со коронавирусот.

„Максималниот надомест кој државата може да го обезбеди за капацитетите на хотелите изнесува до 10 евра (денарска противвредност) по легло, по ден.

Хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот.

Сите заинтересирани хотели потребно е да се пријават најдоцна до 23 март, понеделник, до 14 часот, преку испраќање писмо за намери на следната емаил адреса: [email protected]“, соопштуваат од Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски