(ВИДЕО) Ковачевски: Џабе ви е да поткупувате гласачи, ќе удрите во ѕид!

Од:

Часови не делат од изборниот молк! Молк кој треба да ја замолчи досега највалканата кампања, што некогаш ја организирала режимската власт на ДПМНЕ, истакна носителот на советничка листа од „Сојузот за иднината“ за Битола, Васко Ковачевски.

– Со жалење мора да констатираме дека првиот изборен круг зад себе остави црно дело – остави злодело. Ја остави белата книга која засекогаш влегува во битолската историја, а која сведочи за огромниот број предизборни и изборни нерегуларности кои верувајте беа премногу, само за да се биде власт – рече тој.

Ковачевски упати две пораки, едната до власта, а другата до битолчани:

– До сите оние кои во следните два дена планираат да им се закануваат на гласачите, да ги поткупуваат, потплатуваат им порачувам – џабе ви е – ќе се судрите со ѕид, ѕид на чесноста и правдата. И порака до сите граѓани – бидете достоинствени, храбри и решителни. Вашиот глас е неприкосновен и со Устав загарантиран. Зад параванот сте сами и сами одлучувате!

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме