Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Д.(36) и С.Д.(39), двајцата од кичевското село Лисичани.
На 19.03.2020, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека пријавените не се наоѓале во нивните домови и не се придржувале кон мерките за 14 дневна самоизолација. Тие на 13.03.2020 на граничниот премин„ Меѓународен аеродром Скопје“, потпишале изјава дека доаѓаат од Швајцарија и дека во времетраење од 14 денови, во нивните домови во селото Лисичани ќе спроведат задолжителна самоизолација.