ВИДЕО: Доделен сертификатот за новиот градоначалник на Штип

Од:

Денеска во Општина Штип, од страна на претседателката на Општинската изборна комисија, Лидија Савич, беа доделени сертификатите за новиот градоначалник и за членовите Советот на Општината, кои своите мандати ги стекнаа на локалните избори одржани на 24 март.

Советот брои 23 члена од кои 14 доаѓаат од редовите на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и 9 члена од редовите на коалицијата „Сојуз за иднината“, предводена од СДСМ. Помалите партии и овојпат не успеаја да обезбедат место во Советот.

По завршувањето на свеченоста за доделување на сертификатите, беше извршено и примопредавање на функцијата градоначалник на општината, со што Илчо Захариев и официјално го зазеде градоначалничкото столче.

Досегашниот градоначалник, Зоранчо Алексов, изјави дека општинската каса ја остава со средства што се доволни за да се покријат неопходните трошоци на општината, но на новиот градоначалник му остава многу почнати проекти за кои се обезбедени парични средства.

„Она што го ветивме и се нафативме да го исполниме, ќе го исполниме. Решавајќи Ги сите нивни проблеми и имплементирајќи ги сите нивни идеи за сопствениот град, ќе го направиме Штип убаво место за живеење“, изјави новиот градоначалника на Штип, Илчо Захариев, непосредно по преземањето на функцијата.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме