Папата Франсис побара поодлучни мерки против сексуалното злоставување кое што го направиле одредени припадници на црквата, соопшти Ватикан.
-Светиот отец побара конгрегацијата, која што ја востанови Бенедикт Шеснаесети одлучно да делува во случаите на сексуално злоставување –стои во соопштението.
„Франс прес“ потсети дека ова е прв пат папата директно и јавно да зборува за овој проблем, кој со децении го спроведувале свештениците над десетина илјади деца.
Папата побара промовирање на мерки за заштита на малолетниците и помош на оние кои што во минатато биле изложени на такво насилство.
Поглаварот на Римокатоличката црква ќе се залага да продолжи постапката против сторителите, формулирањето и спроведувањето на неопходните мерки.
Елена Георгиевска