Џафери-Лазарото: Продлабочување на соработката во одбраната со Швајцарија

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија Талат Џафери денеска оствари средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Стефано Лазарото.

На средбата, соопшти денеска МО, министерот Џафери ја истакнал отвореноста за соработка, но и задоволство од заеднички реализираните проекти и донациите од Швајцарската Конфедерација за потребите на Министерството и на Армијата на Република Македонија.

Министерот за одбрана ја презентирал и подготвеноста за идно унапредување и зацврстување на досегашната соработка.

Изразувајќи задоволство од нивото на одбранбената соработка амбасадорот Лазарото говорел и за можностите на Швајцарија да ја понуди својата помош во обуки во своите центри за едукација (ГЦСП, ДЦАФ и ПзМ центрите за обуки), размена на експертски тимови и инструктори. Тој посочил дека ќе продолжи и тригодишната пракса за заедничка организација на регионална обука за летна алпинистика и спасување на терените во Република Македонија и во 2013 година, на која редовно учествуваат и претставници на вооружените сили од земјите во регионот.

Швајцарија е силен и докажан поддржувач на Министерството за одбрана, стои во соопштението, факт кој се огледува преку реализација на голем број обуки и школувања во делот на одбранбената политика, воениот санитет, односите со јавноста, специјалните зимски и летни обуки за потребите на АРМ, како и во однос на донациите во опрема – теренски и санитетски возила, реконструкција и опремување на Воено-медицинскиот центар на АРМ, опрема за реализација на алпинистички активности, но и конференциска опрема на Регионалниот тренинг-центар за комуникации.

Во насока на задржување на квалитетното ниво на соработка и нејзино унапредување министерот Џафери упатил официјална покана до неговиот швајцарски колега за посета на Република Македонија во текот на 2013 година.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната