(ВИДЕО) Груевски: Подземната сообраќајница во Центар најголем проект во Скопје

Од:

Проектот за изградба на подземната сообраќајница, која треба да го растовари сообраќајот во центарот на Градот Скопје е досега најголем проект во Градот и се проценува дека ќе чини меѓу 40 и 45 милиони евра, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Тој посочи оти Градот Скопје во соработка со Владата и со општина Центар го објави тендерот за изградба на подземната сообраќајница, која ќе понира кај Народна банка на Република Македонија, а ќе излегува пред Владата.

– Ова е еден од најголемите проекти во градот Скопје што досега е преземен. Проценката на изработувачите на проектот е дека ќе чини помеѓу 40 и 45 милиони евра. Досега 20-тина фирми имаат подигнато документација, но има време уште да подигнат, има и домашни и странски фирми. Очигледно проектот е интересен за сите, вели премиерот.

Тој денеска заедно со градоначалниците на Град Скопје и на општина Центар и кандидати за нови мандати од коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ ги разгледаа котите каде ќе понира, каде се движи и каде ќе излезе сообраќајницата.

– Проектот е комплетно завршен. Тендерот за градба е во тек. Очекувањето е некаде во јуни да се достават понудите, во јули да се изврши избор и доколку се е во ред во септември да почне изградбата на сообраќајницата. Таа значително ќе го растовари сообраќајот во центарот на Скопје, особено за оние возила кои немаат намера да се задржат во центарот. Тоа ќе помогне и за побрзо и побезбедно движење низ градот, рече Груевски.

Подвлече дека е заеднички подготвен со општина Центар која исклучително силно се вклучи во овој проект со сите потребни документи, детални урбанистички планови и целосна логистика. – Така, заедно, општина Центар, Град Скопје и Владата успеавме да дојдеме во фаза кога веќе имаме објавено јавен повик за компании за градба. Верувам дека работите ќе одат во добар правец и веќе оваа година ќе почнеме со градба, рече Груевски.

Градоначалникот на Скопје Трајановски појасни дека оваа подземна сообраќајница ќе има кружни сообраќајници на две нивоа на двата нејзини влеза. Ќе биде во должината од 1.300 метри, од кои 900 метри се под земја, а 400 метри над земја.

И градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ изјави дека со реализацијата на овој голем сообраќаен проект значително ќе се подобри одвивањето на сообраќајот во Скопје.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“