ВИДЕО: Коцевски ги повика велешани да одлучат за Велес-град на креативноста

Од:

Kандидатoт за градоначалник на Општина Велес од коалицијата „Сојуз за иднината“ Аце Коцевски денеска на прес – конференција ги повика велешани в недела масовно да излезат на гласање и да му ја дадат поддршката.

Коцевски потенцира дека граѓаните само со еден потег можат да одлучат дали Велес ќе биде град – центар на Македонија што ќе освојува со креативност, со развој и со иднина.

– Поаѓајќи од трајните вредности што ги создадовме заедно за Велес: индустриските зони, Кејот на Вардар, Малото мовче, Коњаникот, новата библиотека со салата „Бели Мугри“, Ликовниот салон и Салата за венчавање, капелата и новите градски гробишта, колекторскиот систем и пречистителната станица на Езеро Младост, пешачкиот надвозник, Младинскиот парк со фонтаната, километри патишта, улици, тротоари, водоводни и канализациони мрежи, потоа, паркови, спортски терени, споменици имаме доволно искуство пак да чекориме кон нови успеси, рече Коцевски.

Според Коцевски ниту пред првиот изборен круг, ниту сега нема фер политичка борба и за него овие избори се далеку од демократски.

Тој ги повика граѓаните за, како што рече, да ја потврдат победата и заедно да го издигнат Велес на заслуженото место.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука