Борел го уверил Вучиќ дека ЕУ прави сѐ да му помогне на западниот Балкан

Од:

Европскиот претставник за надворешна политика, Жосеп Борел, разговарал телефонски со српскиот претседател, Александар Вучиќ и го уверил дека ЕУ бара начин да му помогне на регионот во кризата со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Прес службите соопштија дека Борел му порачал на Вучиќ дека во овој момент е потребна соработка и солидарност.

-Високиот претставник нагласи дека ЕУ бара начин како западниот Балкан да се придружи на иницијативите на ЕУ во овој поглед и како најдобро да понуди помош за ублажување на социо-економските последици од коронавирусот, пренесуваат од прес службата.

Вучиќ остро ја критикуваше Европската унија за недостатокот на солидарност кон регионот, поради рестрикциите за увоз на заштитна медицинска опрема.

Борел му рекол на Вучиќ дека е потребна блиска координација со соседните земји и со ЕУ и истакнал дека е потребно создавање на позитивна клима за рестартирање на дијалогот со Приштина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на Експо, се гледаме наскоро!

А1он

Вучиќ изнесе пет барања на собирот „Нема да ја дадеме Србија“

А1он

Вучиќ: Нивната обоена револуција заврши – не можете да му ја скршите кичмата на српскиот народ

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Благодарам Србија!

А1он

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он

Не сте надлежен – студентите по медицина му одговорија на Вучиќ за посетата на повредените од пожарот во Кочани