Што ќе добие културата во Скопје по изборите?

Од:

Кандидатите во вториот изборен круг Коце Трајановски и Јани Макрадули во своите изборни програми имаат различни погледи за тоа како треба да изгледа културниот живот во градот.

Јани Макрадули со својата програма им се обраќа на младите. Со проектот за развивање на „Независната културна сцена за младите“, на младите надежни бендови планира да им обезбеди локации на кои ќе свират, како и да пренамени дел од катната гаража до МРТВ во место за вежбање и проби.

Коце Трајановски планира да ги продолжи активностите за финансиска поддршка на Младинскиот културен центар, Културниот информативен центар и домот на култура „Кочо Рацин“.

Независната сцена која во моментов во Скопје нема свој простор, е дел само од програмата на Макрадули со која тој ветува дека новата барокна зграда на Водовод ќе им ја отстапи на урбаните уметници и невладините организации. Со одвојување на посебен процент од буџетот за независната кутлура се предвидени се атеља, работилници и музички клубови по примерот на центрите за урбана култура низ Европа.

Во програмата на Трајановски не е спомената независната култура сцена.

Во предложената програма Макрадули планира да ангажира повеќе од сто млади уметници од сите области. Ова тој планира да го направи со зголемување на буџетот за култура за 30%, кое ќе биде почетен стимул за реконструирање на буџетот, како и со јавен дијалог за културната политика.

Коце Трајановски со проектот „Активности за развој и за поттикнување на креативните индустрии, планира Скопје да го добие епитетот и статусот на креативен град. Ова тој планира да го направи преку организирање на фестивал „Скопје креатива“ и создавање на креативен потенцијал.

По теркот на Њујорк, Јани Макрадули планира да воведе годишен ангажман на уметник- резидент, кој би учествувал во обликувањето ан модерниот и урбаниот лик на Скопје. „Скопје град на културата“ е проектот со кој Коце Трајановски интензивно ќе работи на кампања, едукација и летоци со кои градот ќе аплицира во светски рамки за град на културата.

Враќањето на „скопскиот ден за излегување“- четврток, Макрадули планира да го возобнови со тоа што локалите тој ден би биле ослободени од двачки кон градот и би работеле до раните утрински часови.

Двајцата кандидати имаат исти планови за градската библиотека „Браќа Миладиновци“. Тие во своите проекти планираат да ја реконструираат градската бибилиотека, да го збогатат фондот за книги како и да воведат електронско поврзување со другите библиотеки.

Во врска со музеите, Трајановски планира да го продолжи проектот за финансиска поддршка на Музеј на град Скопје, а Макрадули планира да реализира „Ноќ на музеите“ како и за најмладите „Прв научен музеј за деца“.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226