Владата ќе потроши милион евра за привлекување странски гости

Од:

Тур-операторите и туристичките агенции годинава ќе добијат уште поголема поддршка за привлекување странски гости.

Владата одлучи да потроши 60 милиони денари, освен за престој на туристи од БЕНЕЛУКС, и за посетители од уште девет нови држави, Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединети Арапски Емирати и Јапонија.

Како што соопшти министерот за економија Ваљон Сарачини, од 2014 година субвенциите ќе важат и за туристите од Кина и Индија, а од 2015 и за Казахстан, Азербејџан, Катар, Германија, САД и Англија.

Владата се одлучи на ваков чекор, нагласи Сарачини, поради ефектите што ги даде ланската поддршка.

– Вкупно 663.633 туристи, од кои преку половина странски, односно околу 20.000 повеќе од 2011 и 80.000 повеќе од 2010 година, се ефектите од субвенционирањето на организираниот странски промет и поддршката за нискобуџетните летови. Евидентен пораст се забележува особено кај странските туристи безмалку за 100.000 во однос на 2010 и за 30.000 во споредба со 2011 година, истакна министерот.

Минатата година се остварени 122,3 милиони долари девизен прилив благодарение на туризмот, а во 2011 е забележан суфицит од 127 милиони долари.

Сарачини информира дека зголемување ќе има и на субвенциите за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај за домашните и странските превозници. За оваа намена годинава се проектирани 86 милиони денари, а за 2014 – 135 милиони.

– Придобивките од овој вид субвенции се веќе познати, преку Визер лани се отворени шест нови линии, а годинава и дополнителни две, посочи министерот за економија.

Условите за добивање владина поддршка за тур-операторите и туристичките агенции, остануваат исти.

Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Јордан Трајков потсети дека престојот на гостите во Македонија мора да биде со најмалку три ноќевања и појадок во некои од угостителските објекти.

– Организаторите за да добијат субвенции до Агенцијата мора да достават копии од договорите со превозниците (автобуски, авионски или железнички), копии од сметките и податоци за бројот на гостите. Потребно е да се достават и документи за договорот за закуп за сместување на туристите, рече Трајков.

Роковите за аплицирање за сите видови барања од 1 јануари до 30 септември тековната година се 60 дена од заминувањето на групата и 30 дена од заминувањето на групата за сите видови барања од 1 октомври до 31 декември тековната година.

Би можело да ве интересира

Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата

Разрешница за промените во Владата по заминувањето на Таравари ќе има следната недела

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има смена на министри

Катерина Ѓуровски

Делегациите на оваа власт сѐ повеќе наликуваат на свадбени патувања со државна логистика, Левица реагира на владината посета на Јапонија

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи