Дефанзивецот на Баерн (Минхен), Давид Алаба не ја исклучи можноста да заигра во друг тим, со оглед дека неговиот тековен договор истекува во летото 2021 година.
„Билд“ веќе објави дека Реал Мадрид и Барселона се заинтересирани за тоа.
– Се чувствувам многу удобно во Минхен. Но, можам да си замислам како преземам поинаков пат. Дали ќе го направам тоа или не, ќе се види во одреден момент. Сега тоане ме оптеретува. Моите цели? Јас секогаш поставувам нови цели и не планирам премногу далеку во иднина. Секако дека сакаме да ги освоиме шампионатот и купот, а Лигата на шампионите останува наш сон. Во Баерн, секогаш мора да бидете амбициозни и гладни за победи, како и да бележиме успеси секоја година, изјави Алабама за „Џи Кју“.