Бектеши ќе и предложи на Владата замрзнување на цената на дополнителни продукти

Од:

Со одлука на Владата попладне ќе бидат замрзнати цените и на дополнителни продукти, покрај на основните прехранбени за кои од пред три дена е забрането покачување на цената. Со одлуката ќе бидат опфатени лимони, портокали и други проозводи, откако имаше поплаки од граѓаните дека се значително поскапени откако настана кризата со коронавирусот.

-На седница на Владата вечерва ќе предложам нова одлука за посебни услови за трговија на одредени стоки и продукти каде ќе бидат вклучени и продуктите, како лимонот и портокалот, рече министерот за економија Крешник Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција на прес-конференција.

Претходно, со одлуката на Владата беа замрзнати цените на основните продукти: леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциски средства. Тие се замрзнуваат на состојбата на која тие биле на денот кога коронавирусот беше прогласен за пандемија од страна на Светската здравствена организација (СЗО). Отстапка од тоа ќе се прави само за производите за кои има доказ дека се зголемени влезните фактури.

Како што објави денеска Бектеши, на бесплатна телефонска линија 191 од понеделник ќе може да се пријавува ако не се почитуваат владините одлуки за зголемени цени на храна и средства за дезинфекција, како и за затворање на рестораните, кафулињата и ноќните клубови.

Бектеши воедно апелираше до работодавачите да не ги отпуштат работниците и истакна дека Владата подготвува втор пакет мерки за помош на стопанството.

Според него, не се точни информациите што ги објавија дел од медиумите за отпуштени рабтници во автомобилската индустрија. Според нашите информации, наведе, тие не се отпуштени, туку се на годишен одмор.

Компаниите да не отпуштаат работници затоа што ние ќе се обидеме целосо да им излеземе во пресрет за да ја задржат ликвидноста и да не дојде до губење на работни места, порача Бектеши.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски