Иако бројот на заразени во Скопје го надмина бројот на заразени во Дебар, се уште не се размислува за воведување карантин во Скопје и околината. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека доколку е потребно, ќе се воведат поригорозни мерки за ограничување на движењето на луѓето.
„Засега не се размислува во насока карантин. Тоа сепак е одлука на Владата. Ние како Министерство за внатрешни работи го зголемивме бројот на полицајци за контрола на лицата во изолација, во самоизолација и за почитување на мерките и одлуките од Влада. Доколку е потребно ќе бидат воведени поригорозни мерки за движењето на луѓето“, рече министерот Чулев.
Мнистерството за здравство утрово извести дека бројот на потврдени пациенти заразени со коронавирус во Скопје изнесува 34, во Дебар се регистриран 30 заразени, а по еден има во Гостивар, Штип и Охрид.