ВИДЕО: Масакрираните паркови – делата на Тодоровиќ и ДОМ

Од:

„Ова се парковите, дрворедите и зелените површини масакрирани во 4 годишниот мандат на Тодоровиќ. Ниту една промена на ДУП и пренамена на парк во катна гаража или административна зграда немаше да се случи без поддршката во Советот на општината од страна на одлучувачкиот советник од ДОМ – Насер Хот. Сите овие паркови ќе беа заштитени ако ДОМ гласаше против“, предупредуваат од коалицијата „Сојуз за иднината“.

Велат, не сакаме парк на љубовта, си ги сакаме старите паркови назад!

Листа на паркови масакрирани во минатиот мандат на Тодоровиќ:

– Парк спроти хотелот Бристол (административна зграда десеткатница)
– Две паркчиња спроти старата железничка, од двете страни на ул. Македонија (административна згради/катни гаражи)
– Парк пред Домот на АРМ (црква со камбанерија)
– Паркот Жена Борец (десетици споменици и скулптури)
– Паркот пред КИЦ (катна гаража)
– Паркот зад Собранието на РМ (катна гаража)
– Двете зелени парцели околу плоштадот Македонија (хотел и градска куќа)
– Паркот зад главната пошта (барокна катна гаража)
– Општинските бараки на Центар со придружни паркчиња (55 метарска административна зграда)
– Игралиште за мал фудбал во Градски Парк (29 метарска катна гаража со деловни простории)

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“