Ѓурчиновски: Од утре значително присуство на Армијата во обезбедување на сите државни граници

Од:

Почнувајќи од утре ќе биде забележано значително присуство на Армијата, комбинирано во заеднички патроли и активности, за обезбедување на сите државни граници на нашата татковина. Ќе имате можност да забележите наше учество и присуство во комбинирани заеднички патроли со полицијата и органите во земјата, изјави денеска началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на прес-конференција пред Генералштабот на Армијата.

Тој појасни дека покрај зајакнувањето и поддршката на граничната полиција на сите граници, дел од армискиот состав ќе се вклучи во комбинирани заеднички патроли со полициските службеници во обезбедување на одредени витални државни објекти, како и влезни и излезни комуникации, но во координации со Владата и во дополнителни ангажмани.

Проценките на Генералштабот, наведе Ѓурчиновски, се дека нема потреба во моментов за каква било мобилизација на резервниот состав на Армијата.

– Имаме доволни капацитети човечки и технички, искуство, знаење, имаме соодветни мерки. Единството, диспилината на сите нас исклучиво се суштински со цел успешно справување со кризата, доследно почитување на мерките од надлежните институции, порача тој.

Во името на сите припадници на Армијата, Ѓурчиновски на сите граѓани им го честиташе полноправно членство во НАТО.

Генералот додаде оти од пред два дена по прогласувањето на вонредната состоба во нашата земја, Армијата спроведува и извршува дополнително значителни обврски и задолженија, а веќе реализираат заеднички активности во поддршка на МВР.

– Бидете трпеливи, смирени, храбри, одважни, живееме во искклучително тежок временски период, но мора да направиме сешто е во наша моќ да бидеме на висина на задачата, строго да ги почитуваме препораките на надлежните соодветни институциите на Владата. Потребна ни е солидарност и едниство како никогаш досега. Човештвото, земјата, регионот, Европа и Светот се бори со многу моќен невидлив смртоносен непријател, но совладлив е доколку сите бидеме на достоинствен начин и строго ги почитуваме мерките и перпораките на нашите државните институции. Армијата целосно ќе се вклучи во поддршка на нашето население, апелираше Ѓурчиновски.

Генералот упати признаение до сите припадници на армијата, но и здравствените работници, полицијата и сите кои се справуваат со кризата за која во овој момент сите соодветно преземаме мерки.

– Ценам дека имаме капацитет како институции, имаме долг, исторски и патриотски сите институции, во овпј тежок момент да преземеме се што е во наша моќ, да не дозволиме да се случи тоа што се случува во одредени наши сојузнички земји, заклучи Ѓурчиновски.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски