Министерството за здравство информира дека вчера попладне и во текот на ноќта преку ИЈЗ на коронавирус беа тестирани 71 лице.
Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.
Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација, велат од Министерството за здравство.
На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.
Со ова бројката на ново-заболени до 10.00 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67.