(ВИДЕО) Жерновски: Центар има гордост и не се купува со брашно и јајца

Од:

Кандидатот за градоначалник Андреј Жерновски јасно и порача на власта дека овој пат нема да им дозволат да ја украдат победата.

„Во Центар живеат достоинствени луѓе. Центар не може да се купи со пари, брашно и јајца. Центар има гордост“, рече Жерновски.

Посочи дека за него и неговото семејство меѓу двата изборни круга, власта истури куп лаги, кои рече беа контра продуктивни. Со ова само го отркиваат стравот.

„Во недела Пустец ќе биде пуст. Жителите на Пустец ќе бидат во Центар, но знам дека Центар нема да дозволи некој кој не живее во нашата држава да им бира градоначалник“, рече Жерновски.

Во првиот круг, рече Жерновски не победив јас или советниците, победија граѓаните. Затоа ги повика жителите на Центар масовно да излезат и да ја потвдат победата од првиот круг.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука