Кривична против двајца кичевци за непостапување според здраствените прописи за време на епидемија

Од:

СВР Кичево поднесе кривични пријави против Б.С.(46) од Кичево и С.А.(62) од кичевското село Шутово поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

Како што соопшти МВР, првопријавениот вчера околу 13:30 часот, го напуштил својот дом, иако на 17 март своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Австрија, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом во Кичево ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Од Министерството посочуваат дека на 18 март при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека второпријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржувал кон мерките за 14-дневна самоизолација.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски