Османи: Имаме право да се вклучиме во европскиот солидарен фонд за справување со природни катастрофи

Од:

Како земја преговарач имаме право да се вклучиме во европскиот солидарен фонд, кој се активира за покривање на потребите на земјите членки од кој досега се искористени околу пет милијарди евра за разни природни катастрофи и несреќи, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во однос на координацијата со ЕУ во врска со справување со предизивиците и последиците од пандемијата на Ковид-19.

Секретаријатот за европски прашања, посочи Османи, вчера испрати писмо од Владата до еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, со кое бараме најавената награда за успешност од 50 милиони евра за државата првично наменета за инфраструктура и животна средина, дел или целосно да се пренаменат за менаџирање на пандемијата на Ковид 19.

– Согласно иницијативата на Европската Комисија, за финансиска поддршка за ликвидност на претпријатијата погодени од епидемијата, побаравме пристап до овие средства и на Банката за поддршка на развојот на Република Северна Македонија, со што би се обезбедиле брзи и краткорочни заеми кои брзо се одобруваат, а чие време на доспевање е до една година и може многу да помогнат во надминување на проблемите со ликвидноста на малите и средни претпријатија, изјави Османи.

Побаравме, рече Османи, измена на минималните критериуми за искористување на фондовите од ИПАРД – 2 програмата, во кои сметаме на зголемување на делот што претставува учество на делот на ИПА фондовите за сметка на сопствениот капитал што производителите на храна и земјоделците го внесуваат како влог во тие проекти.

– Побаравме од ЕУ да бидеме исклучени од рестрикциите кои ги најави ЕК за заштита на стабилноста на единствениот европски пазар, а кои се однесуваат најмногу на медицинска опрема и средства за работа, изјави Османи.

Фондот е формран некаде во 2012 година по поплавите во Централна Европа.

Информираше дека норвешката Влада вчера одобри 3,2 милиони евра за итна реализација преку програмата УНОПС за Република Северна Македонија, Србија и Црна Гора за медицински материјали и препарати.

– Ќе донесеме одлука на Кризниот штаб кои се нашите потреби да можеме да ги користиме овие средства од норвешката Влада за брза набавка во рок од 5 до 7 дена за да се реализира помошта, изјави Османи.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски