СДСМ: Вонредната состојба е за полесно и побрзо справување со ширењето на коронавирусот и надминување на економските последици, нема нови ограничувања за граѓаните

Од:

„Вонредната состојба во земјата во наредните 30 дена и дава повеќе можности на Владата поефикасно да се справува со ширењето на коронавирусот и со ублажување на економските последици.

Вонредната состојба сама по себе не воведува нови ограничувања за граѓаните“, велат од СДСМ.

„Додека не се донесат нови мерки од Владата, сѐ останува исто во поглед на секојдневниот живот. Маркетите и аптеките и натаму ќе работат, компаниите исто така, а институциите непречено ќе ги извршуваат сервисите.

Во услови на вонредна состојба, Владата добива и законодавна и извршна власт. Со тоа се олеснува нејзината работа во време на кризи и може да носи одлуки многу побрзо и поефикасно за добро на граѓаните, односно да управува со ресурсите на државата.

СДСМ ја поздравува иницијативата на Владата, како и одлуката на Претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба.

Граѓаните и натаму да се придржуваат до мерките, задолженијата и препораките на институциите, со цел побрзо надминување на состојбата предизвикана од коронавирусот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски