Мустафа до Курти: До недела да се поништи разрешувањето на Велиу и да се укине таксата

Од:

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа побара од премиерот Албин Курти, како лидер на коалицискиот партнер во Владата, Движењето Самоопределување (ВВ), до крајот на неделава да ја повлече одлуката за разрешување на министерот од редовите на ЛДК Агим Велиу и да ја укине таксата на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Мустафа му порача на Курти дека разрешувањето на министерот за внатрешни работи и јавна администрација е неприфатливо за ЛДК и претставува кршење на коалицискиот договор.

Мустафа во објава на Фејсбук го предупредува премиерот дека неговите „еднострани дејствија се штетни и неприфатливи и водат кон растурање на коалицијата“.

Лидерот на ЛДК го потсетува Курти дека, според договорот за формирање заедничка влада, „министрите можат да се разрешат од премиерот по консултација со претседателот на субјектот со кој е направена коалицијата, врз основа на образложение кое ќе го прифати претседателот на ЛДК“.

– Како претседател на ЛДК не сум консултиран од премиерот и уште помалку ги прифаќам образложенијата кои ги соопшти во јавноста. Барам од премиерот да ја поништи одлуката за разрешување на г. Велиу и да донесе одлука за укинување на таксата до крајот на неделава. Едностраните дејствија на премиерот се штетни и неприфатливи и водат кон растурање на коалицијата, напиша Мустафа.

Курти денеска го разреши Велиу поради несогласување со неговите ставови во однос на кризата предизвикана со епидемијата на коронавирус.

Во соопштението кое кабинетот на премиерот го достави до медиумите, се вели дека Велиу синоќа се изјасни против ставот на премиерот во врска со намерата на претседтелот на државата Хашим Тачи да се прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот. Освен тоа, Курти го обвинува првиот човек на полицијата дека со тоа што синоќа на телевизијата Клан Косова изјави оти „заразата се шири од час во час“, иако тоа не е точно, предизвикува паника кај народот.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски