Бактериите од устата го уништуваат срцето

Од:

Оралната хигиена е во тесна врска со општата здравствена состојба, што пред се се однесува на здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Лицата со најмногу бактерии во усната шуплина претставуваат совршени „кандидати“ за срцев удар, тврдат експертите од американскиот универзитет во Бафало.

До овој заклучок дошле анализирајќи 386 мажи и жени кои претрпеле срцев удар и 840 лица од различен пол кои го имале овој здравствен проблем.

Целта на истражувањето било да се утврди дали некои видови бактерии особено ја поттикнуваат појавата на инфаркт.

Резултатите покажале дека бактериите tanarella forsintesis и prevotella intermedia значително се почести „жители“ на усната шуплина кај лицата кои доживеала инфаркт, отколку кај испитаниците во контролната група.

Меѓутоа, се уште ризичен фактор претставува зголемениот збир на сите бактерии кои таму се населиле.

Дека за хигиената во устата треба да се поведе особено внимание зборува и податокот дека инфарктот на миокардот е најчеста причина за смрт во современиот свет. Експертите предупредуваат дека и вака намножените бактерии можат да предизвикаат општо воспаление кое поттикнува создавање згрутчување на крвта.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска