Пандемијата на коронавирус ќе предизвика сериозни финансиски загуби за ФА, јавуваат британските медиуми. Според „Тајмс“, организацијата ќе изгуби околу 100 милиони фунти.
Поради пандемијата, вчера УЕФА го одложи ЕП 2020 за следната година. Во Англија, како и во скоро сите други европски земји, домашните лиги се суспендирани.
Клубовите на ПЛ стравуваат дека нема да можат да ја завршат сезоната. Во Англија треба да се доиграат повеќе натпревари во споредба со другите Европски првенства.